(Фото) Опериран Столе Стоилов: Хируршка интервенција на капитенот на „Вардар“

Капитенот на РК „Вардар“ и ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов имше хируршката интервенција  на носот. Тој се опреираше во пиватната болница „Аџибадем Систина“, и конечно сега е дома. Од таму велат дека станува збор за рутинска операција на искривување на носната преграда. Операцијата ја д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог.

„Операцијата беше неопходна кај Стоилов поради проблемите со дишењето на нос, имаше искривена носна преграда од десната страна која комплетно го затнуваше десниот носен ходник. Оваа состојба му правеше проблем бидејќи е професионален спортист, му го нарушуваше дишењето на нос, а тоа влијае и на физичката кондиција. Операцијата помина во најдобар ред, за 10 дена го очекувам на контрола. По интервенцијата, Стоилов ќе има многу полесно дишење на нос и, што е најважно, многу повеќе физичка кондиција“, вели д-р Лазаревски.

 

 

Scroll to Top