ФОТО: Ова преслатко девојче денеска е пејачка на македонската музичка сцена

Црна коса, широка насмевка и испружено јазиче… Можете ли од прва да погодите чија фотографија е ова?!

Станува збор за фотографии од детството на младата талентирана македонска пејачка Тамара Ангеловска која зад себе има низа успеси и награди освоени во Македонија, но и ширум Европа.

Тамара порасна во атрактивна убавица и има прекрасен вокал.

Ангеловска е родена на 20-ти декември 1998-ма година во Скопје, а годинава матурираше на отсек Теоретичар со облигат флејта при средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“. Зад себе Тамара има голем број освоени награди ширум светот. На домашен терен со својата прва студиска песна освои награда за најдобра дебитант при годинешниот „Охрид фест“, но и прво место на „Езерски бисери“. Надвор од Македонија, во силна конкуренција од повеќе од 250 пејачи освои Гранд При во Анталија, Турција, потоа Хаифа, Израел прво место, во Москва, Русија трето место, и Минск, Белорусија второ место.

Scroll to Top