(Фото) Овде ги бива за бизнис, а ноќе пуштаат мои песни: Ирена Спасовска во Египет

Фолк пејачката Ирена Спасовска пак е во Египет од каде објави слики. Таа е во Хургада и вели дека ужива од шетање со камили, до ресторани, дуќани, знаменитости….Вели дека е страсен љубител на патувањата, ама Египет и е при срце, оти не е првпат тука.

“Египет посебно го сакам сосе целиот тој раскош кој го има, рестораните се прекрасни, овде луѓето ги бива за бизнис и како народ се многу пријатни и топли“’, ни открива Спасовска.

Таа се пофали и дека во местото каде што е сместена дознале дека пејачка од Македонија .

“ И еве сега постојано навечер пуштаат мои песни оти им се допаѓа музиката“, ни откри фолк пејачката.

Неодамна таа беше дел од организацијата на големиот фолк концерт кој се одржа во Битола и на кој настапија речиси сите познат фолк- пејачи. Во време на пандемијата беше една од најгласните за парична помош на умтенците од Владата .

Scroll to Top