На фејсбук-групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ беше објавена слика на која се гледа дека „ферарито“ на поранешниот кошаркар и претседател на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ, е непрописно паркирано. По реакциите на граѓаните и коментарите на сликата, пајак-возило го крена автомобилот на Антиќ од паркингот. Коментар под сликата остави и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, кој сподели слика од кревањето на автомобилот и слика на која се гледа дека „ферарито“ е тргнато од местото каде што било паркирано.