(ФОТО) Палашоска ги носи штиклите на Кери Бредшо

Фолк -пејачката Џесика Палашоска беше во Дубаи. Таа во најголемиот трговски центар „Дубаи мол“, ја посети продавницата за чевли на славниот дизајнер Маноло Бланик, оној истиот чии чевли ги носеше Кери Бредшо во култната серија „Сексот и градот“.

 

„Не знаев за кои чевли да се решам. Сите беа убави. Истите оние од „Сексот и градот“, по кои не полуде само Кери, туку сите дами се воодушевуваа на Маноло. Сепак, на крај успева да изберам нешто за себе, што ќе ми прилега“, ни откри Палашоска.

Она што е уште поинтересно, е што одкако ја објавила Палашоска фотографијата на Фејсбук, светскиот дизајнер Маноло Бланик и ја лајкнал фотографијата на фолк пејачката. (А.Г.)

 

 

Scroll to Top