Пејачката Симона Поповска денеска прави свадба со Кристијан Сињори, еден од браќата газди на македонскиот бренд за машка облека.
Симона и Кристијан се верија пред една година, а во врска се од 2015 година.
Симона десетина години се занимава со музика, а има настапено на бројни фестивали. Во моментов Симона е дел од „Саунд месинџерс“ и речиси секој викенд заедно со диџеј Ерик Фокс настапува низ Македонија.
Симона по професија е докторка.