(Фото) Пере со заштитна маска ужива во рајот

Пејачот на „Нокаут“, Никола Перевски – Пере, одмора во Охрид. Со заштитна маска покрај езерото, Пере вели дека ужива во „рај-бескрај“. Познатиот музичар често оди во Охрид, но и во Дојран. Таму наоѓа инспирација, се релаксира, а се дружи и со Игор Џамбазов. Од овие дружби, двајцата пријатели понекогаш знаат да споделат слики на социјалните мрежи. Е тогаш фановите им пишуваат дека се љубоморни и дека сакаат барем еднаш да видат како изгледа кога ќе се спојат Пере и Игор.

Scroll to Top