(Фото) Петре на Охридско ко Дон Џонсон во „Пороците на Мајами“

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, заедно со политичкиот врв на земјава, во петокот дојде на отворањето на годинашното Охридско лето. И додека сите политичари носеа костуми и вратоврски, Шилегов на концертот на Ванеса Меј дојде облечен во бела раскопчана кошула и светло сини панталони. На „Твитер“ се фатија за стилот на скопскиот градоначалник: „Ко Дон Џонсон во ‘Пороците на Мајами’ е“, „Петре го утнал дрес-кодот“, „Уште крокодил му фали“, беа некои од коментарите на социјалните мрежи.

Scroll to Top