(Фото) Пиво и полна трпеза-Благица Павловска кај Татјана во Австралија

Фолк пејачката Татјана Лазаревска вечра имаше топ друштво во својот дом во Мелбурн, Австралија каде веќе живее четири години. Таа заедно со фолк пејачката Благица Павловска која е во Австарлија и Маријана, сестрата на Росана се дружеа и објавија заедничка  фотографија.

„Музичко пријателство без граници. Живи легенди“, напиша Татјана под фотографијата.

Фолк пејачката пред повеќе од четири години се пресели во Австралија заедно со сопругот и двата сина. Таа во интревју за „Репоретр“ откри дека во Мелбурн често се дружат со Маријана, но и дека понекогаш се гледа и со Тошо Малерот. Во Малбурн, таа работи како негователка во градинка, а сопругот Јовица вози школски автобус.

 

Scroll to Top