И покрај пандемијата со коронавирус, Сара беше доста активна на музички план, особено на крајот на минатата година.

Таа промовираше две песни и настапи на концертот по повод Светскиот ден на харфата. Ни кажа дека била возбудена што ја претставувала Македонија на ваков музички настан, особено што идејата за концертот дошла од Александар Болдачев, кој за Сара е најдобриот харфист на светот.

„Ако некој види што сум објавила на ‘Фејсбук’ пред десет години, ќе види дека секој втор ден ставав видеа од Болдачев“, ни рече Сара, која свири харфа од 15 години.