(Фото) По повеќе години, шампионките на „Кометал“ повторно заедно

Шампионките на „Кометал Ѓорче Петров“, Анжела Платон, Лариса Кисељева, Мими Чупиќ, Андријана Будимир, Индира Кастратовиќ и Елеонора Златановска, по повеќе години неодамна повторно се дружеа. Поранешните ракометарки се собраа во еден скопски ресторан, а слика од нивната средба на „Инстаграм“ објави Будимир. „Стара банда“, напиша таа покрај сликата. Фотографијата предизвика многу емоции кај фановите. Тие со воодушевување се сетија на успехот на ракометарките. И не штедеа комплименти, па им пишаа дека „Кометал секогаш ќе им биде во срцето“, но и дека е преубаво што дамите се повторно заедно.

За потсетување, ракометарките на „Кометал Ѓорче Петров“ ја освоија титулата европски шампион во 2002 година. Тие два пати беа вицешампиони, во 2000 и 2005 година. По завршувањето на професионалната кариера, повеќето ракометарки на „Кометал“ се повлекоа од спортот. Но, Андријана Будимир има своја школа за ракомет, а Индира Кастратовиќ долги години беше ангажирана во „Вардар“.

Scroll to Top