Екипата од „Преспав“ се собра за снимањето на новата, четврта сезона од серијата, која ќе почне да се емитува во декември. Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ, која ја игра Германката Ула, на својот „Инстаграм“ објави неколку фотографии, но поводот за дружбата бил и роденденот на Јелена Јованова-Периќ, која ја игра улогата на рецепционерката Јелена од Драчево. Друштвото славело во еден скопски ресторан. Актерката наполни 35 години.