(Фото) Професорот по музичко Јоце Панов се снимаше како си го депилира носот: нели ти е срам од учениците!

Пејачот и професор по музичко, Јоце Панов, со видео на инстаграм-стори покажа како си ги депилира влакната во носот. Јоце ја снимаше својата реакција додека од носот му ги вадат чепкалките со восок. „Кој го измислил ова да идам да го убијам“, напиша тој.

Неколку фотографии од Панов се најдоа и на „Твитер“ со коментар дека се згрозени што решил да објави како си го депилира носот. „Глуми ѕвезда, предава музичко во гимназија, а ваму вади влакна. Одвратно. Не му е срам од учениците што ќе го гледаат?“, пишуваат на „Твитер“.

Не е првпат јавноста да го критикува Јоце за неговото однесување. Неодамна се пишуваше дека инспекција го казнила бидејќи пеел во познат скопски ресторан без ковид-сертификат. Иако очевидци тогаш тврдеа дека Јоце добил казна, тој за „Репортер“ рече дека тоа што се пишува во медиумите се глупости.

„Ниту сум пеел некаде ниту некој ми барал сертификат“, рече Јоце.

Тој од неодамна е професор по музичко во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.

Scroll to Top