Во проѕирна кошула под која се гледа црниот градник, поранешната мис на Македонија и бинго-девојка Натали Грубовиќ го привлече вниманието на Модната недела во Србија. Таа изгледот го дополни со плисирано здолниште, зелена кожена јакна и сандали, па доби комлименти за стилот.
Поранешната манекенка не ги пропушта модните настани во Србија, каде што живее веќе неколку години, а повремено ги посетува и модните случувања во Македонија.
Таа неодамна го прослави вториот роденден на својата ќерка, а брзо потоа некои медиуми пишуваа дека Натали е бремена со второ дете. Во изјава за „Репортер“ таа демантираше дека е трудна.
„За жал, не сум бремена, иако посакувам. Целата ситуација ми е симпатична и смешна“, ни рече тогаш Натали.
Инаку, Модната недела во Србија се одржува од 9 до 14 октомври во Нови Сад, а своите најнови колекции ги прикажуваат српски и странски модни дизајнери.