Мајката на ракометарот Филип Талески, кој неодамна стана татко, ги објави првите фотографии од неговата ќерка Софиа. Таа на „Фејсбук“ сподели слики од девојчето, па напиша дека станала баба, а дека чувството е преубаво.
Раѓањето на ќерката Софиа, Филип го откри преку патиките со кои ќе игра на Светското првенство во Германија и Данска, а на кои го напиша нејзиното име. Освен името на ќерката, на нив е нацртан и неговиот лик, а напишано е и името на неговата сопруга, Ена. По завршувањето на првенството, Талески патиките ќе ги даде на аукција, а парите од продажбата ќе ги донира во хуманитарни цели.