Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, откако вечера гласаше за европска Македонија, седна на бурек со своето семејство. Таа сподели фотографија од утринскиот појадок, заедно со Божидар Јанковски и ќерката Ада.
„За еден толку убав ден! Сонце, мирно маало и бурек“, напиша министерката за одбрана. Не е првпат таа да сподели семејна фотографија. Ден претходно министерката се пофали со фотографии од Зоолошката градина, каде што со ќерката биле на дочекот на слониците Дуња и Даела.