(Фото) Ременска со Невозможна мисија

Горан Марковиќ, еден од организаторите на големиот музички фестивал „Ентер фест“ и автор на емисијата „Невозможна мисија“, денеска се сретна со Фросина Ременски, поранешна министерка за труд и социјална политика на Македонија. Тој со праеничката од СДСМ се сретна во Собранието на Македонија, а фотографијата ја сподели на својот фејсбук-профил.

„Музиката ги поврзува луѓето. Без политика од 29 мај до 2 јуни. Одиме заедно, Ентер фест“, напиша тој покрај сликата со Ременски.

Емисијата на Марковиќ „Невозможна мисија“ е позната и како скриена камера за познатите. Тој откри дека некој од учесниците на првиот „Ентер фест“ ќе биде цел на нивната скриена камера. На фестивалот ќе настапат познати музички имиња од земјава и регионот, меѓу кои и Ера Иштрефи, Дивље јагоде, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Неверне бебе, Бед копи и многу други.

Музичкиот фестивал „Ентер фест“ ќе трае пет дена, а концертите ќе се одржуваат на две сцени, во и пред спортскиот центар „Борис Трајковски“. Цената за билетот кој важи за сите фестивалски денови е 990 денари.

Scroll to Top