Сара Мејс вчера ја претставуваше Македонија на „Светскиот ден на харфата“, а покрај тоа имаше уште една причина за славење, својот 30-ти роденден.
Нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, ја изненади со иновативен подарок: торта со харфистка која свири на ренде за јајца наместо на харфа. Сара не издржа и веднаш се пофали на социјалните мрежи. Двојката веќе три години во брак и ја има ќерката Илина. Пред да се земат, тие беа подолго во љубовна врска