Фолк-пејачката Росана Сариќ-Тодоровска со исечок од стар весник се сети на минатото, на времето кога активно пееше и беше една од најпопуларните пејачки кај нас. „Еееее… некогаш“, напиша Росана и сподели слика на која е со црвена коса, имиџ кој го имаше долго време.
Пријателите не штедеа комплименти за нејзиниот тогашен изглед, но ѝ рекоа и дека нема никаква разлика меѓу тоа како изгледала пред многу години и како изгледа сега.
Ова не е првпат Росана да се присети на минатото. Таа неодамна објави слика стара 56 години, од времето кога нејзината мајка Гордана била избрана за најубава девојка на Куманово.