(Фото) Сани однесена во болница

Фолк-пејачката Сања Апостоловска –Сани е примена во болница. Веројатно од премор, фолк-пејачката колабирала, па морала да прими инфузија. Таа со денови е на настапи на предновогодишните прослави, како и поради снимања на новогодишни емисии. Нејзини блиски раскажуваат дека таа постојано е на настапи, речиси секоја вечер некаде пее. Па веројатно од премор, завршила во болница каде што прими инфузија. Сани и на социјалните мрежи објави фотографија легната на болничкиот кревет со инфузија во раката. „Е па и ова се дешава”- напиша фолк-пејачката.

Scroll to Top