(Фото) Сара Мејс си ја избричи главата

Пејачката Сара Мејс ја избричи едната страна од главата, па на „Инстаграм“ се пофали со новиот имиџ. Вели, додека има топ-фризура, не мора да е нашминкана. Сара го прифати предизвикот што се шири на социјалните мрежи да објави слика без шминка, па ја предизвика и својата шминкерка да го направи истото.

„Пошто си мејкап дива, да те видиме без шминка“, ѝ напиша Сара на својата долгогодишна соработничка Фросина.

Пејачката во јавноста е позната по тоа дека сака да експериментира со изгледот, па често ги менува и бојата и должината на косата.

Scroll to Top