(ФОТО) Се држат далеку од очите на јавноста, ова се сопругите на Кирил и Филип Лазарови!

By

Браќата Филип и Кирил Лазаров периодов се во фокусот на медиумите и пошироката македонска јавност поради СП во ракомет.

За нивните успеси и борбеност на терените се зборува постојано, но не и за нивната приватност и семејства.

Па така, за разлика од сопругите на познатите естрадни и славни ѕвезди кои не ретко сакаат да бидат во центарот на вниманието, сопругите на браќата Лазарови се држат далеку од очите на јавноста.

Иако имаат и профили на социјалните мрежи, тие ретко практикуваат да објават некоја фотографија, а и кога го прават тоа е на дискретен начин. Затоа, потешко е да се најдат видеа или фото трагови од сопругите на Кирил и Филип, но неколку фотографии сепак и се достапни на јавноста.

Саканата на Кире е Љубица, а со неа беше во врска од своја 17 годишна возраст по што ја крунисаа љубовта со брак. Таа по професија е докторка, но досега не работела по струка, туку е посветена на двете деца и сопругот.

Филип пак, ја има убавата архитектка Билјана, со која пред бракот беа во долгогодишна врска. Филип, исто како и брата си Кире веќе е реализиран како татко, откако сопругата на свет му го донесе синчето Милан.

Билјана често знае да го бодри саканиот од трибините, а веруваме дека и двајцата браќа добиваат поголема мотивација кога Љубица и Биле се присутни на натпревар.

[URIS id=356681]

Ќе ви се допадне