(Фото) Се ожени градоначалникот Стефан Богоев, невестата избра тантела

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, вечерва се ожени со својата долгогодишна девојка Ивана Анѓеловска. Свадбата е во ресторанот „Ла Тана“, а двојката веќе го одигра свадбениот валцер. За забвата на свадбата младенците ги одбраа „Либеро“ бенд, а оние кои се таму, раскажуваат дека било многу весело. Невестата е облечена во венчаница од тантела, а градоначалникот Богоев се реши за елегантна црно-бела комбинација. Пред неколку месеци тој ја побара Ивана за жена со голема торта во форма на кутија за накит и со прстен изработен од фондан, на која пишуваше: „Ќе се омажиш ли за мене“. „Со еден глас ‘за’, Ивана избра ‘да’“, напиша Богоев, кој е најмладиот градоначалник од СДСМ.   (А.Г.)

 

Scroll to Top