Поранешниот пратеник Павле Богоевски се ожени со свршеницата Александра. Свадбата ја направија на отворено во Вила Ина на Водно. Александра носеше бел фустан, додека Павле класичен црн костум и бела кошула.
На венчавката пристигнаа голем број гости, меѓу кои и пратеничката Снежана Калевска Ванчевска, поранешниот министер за информатичко општество Дамјан Манчевски и водителот Огнен Јанески.
За потсетување, Павле и Александра се свршија во август лани, кога ја побара на Хвар во Хрватска.
Павле, кој беше дел од Шарената револуција подолго време е во љубов со Александра Михаилова која е од Штип. Таа веќе три години работи на Kлиникaтa за Гинeкoлогиja, а предходно дипломирала на Медицинскиот факултет како општ лекар.
(Фото) Павле Богоевски на островот Хвар ја побара Александра за жена