(Фото) Се породи Туна и објави фотографии од породувањето: го молев Бога да ми донесе маж што секогаш ќе ме сака

Поп-пејачката Туна Сејдиу втор пат стана мајка. Таа се породи со синот Зен. Породувањето поминало во најдобар ред, а бебето и мајката се добро. Туна објави фотографии од породилната сала и напиша: „Му се молев на Бога да ми донесе маж што секогаш ќе ме сака. Ме благослови со два сина. Среќен ден на мајките. Горда мајка на Тијан и Зен“.

Таа и нејзиниот партнер Патрис Бериша го имаат и синот Тијан, кој има четири години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗧𝗨𝗡𝗔 (@tunasejdi)

Туна со години е на музичката сцена, но повеќе е активна на албанската и на косовската естрада.

Таа е прослави во музичкото шоу „Плеј – потрага по ѕвезда“ со песната „Најди ден, најди ноќ, најди време“. Сними повеќе песни на македонски јазик, а се натпреваруваше и на националниот евровизиски избор со песната „Прашувам без глас“ пред комплетно да се повлече од македонската естрада.

Scroll to Top