(Фото) Се разубаве Џамбазов, куртули од брадиштето!

Откако со месеци наназат се шеташе со брада, Игор Џамбазов конечно реши да ја избричи. Вчера на свечено бричење, и секако фотографија за на Инстаграм.

“Ние, младите од Козле.  Прв ден без брадиштето. “ – Игор напиша за фотографијата на која е со две мали деца, комшиски од Козле.

За својот нов имиџ Џамбазов доби пофалби од неговите следбеници.

“Е вака бе другар со брадата со сила се правиш стар има време ќе остареш“,“Вака си 10 год помлад, би сакал кога ке дојдам во Скопје, лично да те запознаам“, “Колку си супер“, се дел од коментарите под фотографијата.

Scroll to Top