(Фото) Се сврши актерката Емра Куртишова со колега од театарот: Многу ни е убаво

Актреката Емра Куртишова која публиката ја засака како Исаура од серијата „Преспав“ се вери со актерот Петар Стојанов. И двајцата се колеги од Театарот за деца и младинци од каде се занаат  подолго време. Но пред да се решат за брак двојката беше три години во љубовна врска.

„ Многу сум среќна, со Петар сме во љубов три години, а тој ме побара за жена на мојот роденден. Функционираме како да се знаеме цел живот и многу ни е убаво“, “, ни раскажа Емра за „Репортер. Двојката објави и фотографија од запропсувањето.

(А.Г.)

Scroll to Top