(Фото) Се сврши голманот Игор Алексовски

Со балони на кои пишува „ќе се омажиш ли за мене“ и маичка со порака „Сакаш ли да бидеш најсреќна жена на светот“, голманот на „Шкупи“, Игор Алексовски, ја побара за жена својата долгогодишна девојка Тијана Николовска. 24-годишниот голман сподели неколку слики од запросувањето и од свршеничкиот прстен.

Игор и Тијана се во врска седум години и често на социјалните мрежи често споделуваат заеднички слики од нивните патувања и од приватниот живот.

Игор од неодамна е голман и на македонската фудбалска репрезентација, но во моментов закрепнува од повреда на ногата. Тој претходно бранеше за репрезентацијата на Македонија до 21 година на Европското првенство што се одржа во Полска во 2017 година. Кариерата ја почна во „Македонија Ѓорече Петров“ во 2012 година, а од 2016 до 2018 бранеше за „Вардар“. Лани Игор потпиша договор за „Шкупи“.

Scroll to Top