(Фото) Се сврши голманот на „Арсенал“ Дејан Илиев

Дејан Илиев, голманот на Арсенал, се сврши со својата девојка Нина Стојменовиќ. Веста дека ќе се жени 26-годишниот Дејан ја објави на социјалните мрежи со слика на која Нина го покажа свршеничкиот прстен.

„Мојата љубов“, напиша тој и доби честитки од пријателите и фановите.

Дејан во „Арсенал“ дојде од „Беласица“ и првпат потпиша договор со клубот во 2012 година, кога беше втор голман на младинскиот тим. На почетокот на оваа сезона тој беше избран за втор голман на трофејниот клуб од Лондон, а потоа со позајмица неколку месеци бранеше за англискиот „Шрузбери таун“.

Дејан од неодамна е и втор голман на македонската репрезентација. Претходно бранеше за Македонија на Европското првенство до 21 година што се одржа во Полска 2017 година.

Scroll to Top