(Фото) Се вери актерот Жарко Димоски

Актерот Жарко Димоски, ја побара за жена својата девојка Андреа Јосифова. Популарниот глумец од од „Театар Комедија“ на социјалните мрежи објави љубовна порака и откри дека на Андреа ѝ подготвил изненадување нејзиниот роденден.

„ЈАС: Те видов и се заљубив, мајко на моето потомство, вонземска убавино, жено со небо во очите свои, ме опи, ме запоседна, знаев дека ти си таа, вистинската, испратена од Бог за мене. Вечно ќе сме заедно, до последен здив. На овој посебен ден, твојот роденден, кога ти одамна првпат гласот свој го крена, те прашувам дали сакаш да ми бидеш жена? ТАА: Да!“, напиша Жарко.

Жарко и Андреа беа во врска околу две години. Инаку, Андреа по потекло е од Кавадарци. Жарко, пак, освен што е актер, работеше и како радио бводител и ТВ-водител на забавна емисија.

Scroll to Top