(Фото) Се вери Александар Белов, ќе има голема српска свадба

Пејачот Александар Белов се вери со својата долгогодишна девојка, Србинката Јелена Станковиќ. Тој објави слика на „Инстаграм“ од пред манастирот „Свети Наум“ во Охрид и се пофали дека Јелена ќе му биде жена. „Официјално да“, напиша тој и доби бројни честитки од пријателите, но и од фановите.

Белов за „Репортер“ откри дека тие ги завршуваат подготовките за свадбата, а ќе се венчаат на крајот на септември во Крагуевац, од каде што потекнува неговата девојка.

„Со Јелена веќе две години живееме заедно во Крагуевац, па затоа и свадбата ќе биде таму. Скоро се е подготвено за венчавката, поканите се поделени, ние сме спремни. Ќе ни дојдат многу гости од Македонија, мои пријатели, роднини…. Свадбата ќе биде според српските обичаи и ќе трае два дена“, ни раскажа тој.

Александар и Јелена се шест години во врска. Тие се запознаа по учеството на Александар во шоуто „Операција триумф“, а почнаа да се гледаат неколку години подоцна. Долго време врската ја одржуваа на релација Македонија-Србија. Откако се пресели во Крагуевац, Александар постојано настапува во Србија со својот бенд.

Scroll to Top