Светлата, мајката на поп-ѕвездата Каролина Гочева, вчера славеше роденден. Каролина на Инстаграм со неколку заеднички фотографии ѝ го честиташе роденденот. На едната од нив таа е заедно со сестра ѝ Сандра, внуките Луција и Инес и мајка си на својата свадба.
„Среќен роденден на најважната жена во нашиот живот! Те сакаме најмногу мамо! Секогаш да си ни насмеана како на сликава“, напиша таа.
View this post on Instagram
За потсетување, Каролина летово беше на неколку дена со мајка ѝ, сестра ѝ и внуките во Сплит, Хрватска. Таа таму се сретна и со нејзиниот добар пријател и колега Дуке Бојаџиев. Тогаш Каролина напиша дека тие случајно се сретнале и дека одлично си поминале во неговото друштво.
(Фото) Вино и женски муабети: Каролина на семеен одмор во Хрватска