Поп-пејачката Андријана Јаневска се сликаше во црн костим за капење и објави фотографија на Инстаграм, за која вели: „Отворив сезона“.
Топлото време ја измами професорката по виолина за малку релаксација на соце и покрај базен, кога веќе не може да се патува на море.
Андријана скоро беше актуелна во медиумите и со прославата на годишницата од брак, 10 години јубилеј за неа и сопругот Гино, и со моторот што си го купи велејќи дека е зависна од адреналин.