(Фото) Шеф Марк ја откри тајната на успешниот брак

Марк Де Јонг, познат како шеф Марк од кулинарското шоу „Брза кујна“, на „Фејсбук“ објави слика со сопругата Василка, па напиша дека и „во љубовта и во кујната и во животот секој мора да има поддршка и разбирање, инаку џабе е“. Фановите го поздравија, па ем што му искоментираа дека има прекрасна сопруга, му рекоа и дека ја открил тајната на успешниот брак.

Инаку, познатиот готвач кој е долги години во брак со Василка, има две деца. Тие живеат во Белгија.

Scroll to Top