(Фото) Шеф Марк од „Брза кујна“ весел турист

Марк де Јонг, еден од готвачите во емисијата „Брза кујна“, е на летување во Грција со сопругата Василка. Популарниот готвач секојдневно објавува слики од авантуристичкиот одмор. Тој се пофали дека досега биле на Превеза, во Волос, на островот Лефкада… „Весели туристи“, напиша Марк покрај фотографиите што ги сподели на „Фејсбук“.

„Одмори се, па спремај се за новата сезона на ‘Брза кујна’“, му порачаа пријателите.

Шеф Марк, шеф Никола и водителката Александра неодамна најавија дека од септември ќе почне да се снима петтата сезона на шоуто за готвење. Пред да заминат на одмор, шеф Марк и Александра беа гости на свадата на шеф Никола.

Scroll to Top