Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во спортска црна јакна и цокули, го посети македонскиот контингент во Авганистан, каде се сретна со припадниците на АРМ на аеродромот во Кабул. Министерката овој пат беше облечена во војничка и во спортска облека и многумина коментираат дека со стилот била одлично прилагодена за дружба со војниците во Аганистан. Откако излегоа сликите на официјалната страна на Мистерството за одбрана, многумина коментираат дека Шеќеринска посетува на Кели Мегилис од популарниот филм „Топ ган“, некои пак велат дека министерката со стилот го надминала и популарниот филм.