(Фото) Шербеџија и Влатко со глисер во скапата резидеција на Тито

Легендарнот гитарист Влатко Стефановски заедно со неговиот долгогодишен пријател, хрватскиот глумец Раде Шербеџија, беа заедно на познатиот остров Бриони. Тие се пофалија на тргнување од местото Фажана, од каде со глисер заминаа за еден од најпознатите острови во Хрватска.

Бриони е Национален парк во Хрватска. Некогаш бил летна резиденција на Тито, каде и денес е неговиот музеј, сафари паркот, автомобилот… Бриони е и едно од најатрактивните туристички места во Хрватска, каде постојано се организираат туристички тури. Особено е скапо да се седне во рестораните и кафулињата, кои на прсти се бројат на популарниот остров.

По објавата на сликата на Инстаграм обожавателите не криеја дека средбата на Шербеџија и Влатко им вратила убави спомени од минатото. „Два светски мегацара и два мегастара“, „Стари морски волци“, им порачаа тие.

Влатко Стефановски често е во Хрватста, особено во лето кога постојано има турнеи по градовите. Тој и вечерва со своето трио ќе нстапи на Јадранскиот брег. 

Scroll to Top