(Фото) Шифрата е жолта роза: Џаро му го честита 70. роденден на Здравко Чолиќ

Една од најголемите sвезди во Југославија, Здравко Чолиќ денеска наполни 70 години.

По тој повод, Велибор Џаровски – Џаро му го честита јубилејниот роденден.

„Среќен роденден Чоки, шифрата е жолта роза“, напиша тој под фотографијата.

Инаку, Чолиќ е роден во Сараево на 30.05.1951 година. Прв пат настапил како средношколец. Во својата исклучително богата кариера објавил 15 албуми, а меѓу бројните хитови се: „Ти си ми у крви“, „Продужи даље“…

Неговиот албум „Ако приѓеш ближе“ од 1977 година е продаден во неверојатни 700.000 примероци.

 

 

Scroll to Top