ФОТО: Синот на македонскиот Роналдо ужива како принц додека мама се тушира

Еден од најдобрите македонски фудбалери кој својата професионална кариера ја започна на 16 години во ФК „Вардар“, Боби Божиновски на својот Фејсбук профил сподели фотографија со синот Матеј.

Имено, додека Боби ги проверува најновите резултати од последните фубалски натпревари, три месечниот Матеј ужива лежејќи како принц на голема перница и ја чека мама Драгана да излезе од бањата.

Боби и Драгана заедно се 8 години, а љубовната врска ја крунисаа со брак пред 2 години. Тие го имаат тримесечниот син Матеј.

Боби Божиновски својата фудбалска кариера ја започнува во скопскиот клуб „Вардар“ на 16 години кога го потпишува и првиот професионален договор. Од ФК „Вардар“ во 2003-та заминува во Литванија и таму останува 4 години. Потоа поминува 2 години во „Работнички“ и во 2010-та се здобива со титула Најдобар стрелец во македонската лига, тогаш потпишува ексклузивен договор со клубот „Астана“ во Казахстан и за него дознава целиот свет. Во 2012-та се враќа во Македонија и почнува да игра за „Тетекс“ се до 2016-та. Во последнава година настапуваше во „Пелистер“.

Scroll to Top