(Фото) Синовите го издриблаа Владо Бучковски додека им бранеше во парк

Поранешниот премиер Владо Бучковски, денеска во парк се дружеше со синовите Матеј и Калин. Тие го искористија убавото време и се забавуваа играјќи фудбал. Бучковски им беше голман.

За потсетување Бучковски беше и поранешен Министер за одбрана. Тој бранеше за тимот на Министерството и често на терените се дружеше со неговите колеги од Генералштабот на АРМ

Бучковски има четири сина. Покрај Матеј и Калин, ги има и Дамјан и Виктор кои ги доби во бракот од неговата прва сопруга Анета.

 

Scroll to Top