(Фото) „Сите прележавме Ковид-19 пред роденденот“ – Перо Камиказа наполни 60 години

Петар Георгивски-Камиказа, основач на легендарната група „Меморија“, вчера славеше роденден. Токму пред роденеднот, ни раскажа тој, цела фамилија прележале Ковид-19, па така за 60-тиот јубилеен забавата била дома.

„Роденднот помина со торта и само со домашните оти сите до тој ден прележавме корона. Искрено, оваа година ќе му ја посветам на здравјето, а и на пишување книги. Во втората поливина можеби и некоја трка сакам да истрчам, ако излезе, ама поради ситуацијава, веќе ништо не планирам“, ни раскажа Петар Камиказа за „Репортер.мк“

Вели дека и пандемијата не ја поминал без план, па така времето го искористил за читање книги, малку одмор, гледање филмови и, секако, многу возење велосипед.

„Најмногу од сè времето го минав на велосипед и не само што ги извозев сите села, искрено ги научив сите околу Скопје“, раскажа Петар Георгивски-Камиказа.

За потсетување, основачот на култната „Меморија“, актер, е и страстен моторџија (со минати десетици илјади километри од Норвешка до Кападокија) и пасиониран спортист, со медали од младоста, но и сериозен број истрчани маратони во светот – од Скопскиот до најголемиот во Њујорк.

А. Георгиев

 

Scroll to Top