Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе, кој беше еден од најзначајните играчи на Вардар во сезоната што полека изминува, замина на Тајланд. Тој таму е со семејството на одмор, од каде сподели неколку фотографии. Вели дека дружбата со животните таму било најголемото изненадување за неговиот син. Според последните информации, Скубе и следната сезона останува во Вардар.