Пејачот Марко Маринковиќ – Слаткар, пред два дена стана татко. Се породи неговата сопруга Сања. Тој објави фотографија со неговиот син Моша. Веста за синот прв ја објави пејачот на социјалните мрежи.
„Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте“, напиша Слаткар.
Ова е прво дете на некогашната манекенка и музичарот. Тие долго време ја криеја бременоста од јавноста. Веста дека чекаат бебе Слаткар ја објави на Нова година, кога на социјалните мрежи сподели слика од бремената Сања.
Тогаш напиша дека 2020 ќе му биде најубавата година во животот. Двојката се венча 2014 година.