(Фото) Слаткар заљубен во Сања

Хип-хоп артистот Марко Маринковиќ – Слаткар и поранешната Мис Македонија, Сања Николиќ скоро четири години се во брак. Но, Слаткар, не пропушта шанса да покаже колку е заљубен во својата сопруга. Тој на својот инстаграм-профил неодамна објави фотографија од Сања на која ја гали по лицето.

Нивните пријатели велат дека и после неколку години заедно, Сања и Слаткар се лудо заљубени еден во друг. Тие додаваат дека последната песна на Слаткар, „Луда романтика“, целосно го опишува тоа што музичарот го чувствува за неговата жена.

Scroll to Top