Ќерката на пејачката Маријана Новачевска, Магдалена, ќе се мажи за својот дечко Ерик. Тој ја побара за жена, а веста ја објави сестрата на Маријана, Росана, која жали што не можеше да биде со нив. Таа објави и фотографии од веридбата на Магдалена и Ерик кои живеат во Австралија.
„Мојата најмила внука, мојата Магдалена, мојата убавица на својот принц Ерик му кажа да. Деца мои најмили, голема радост и возбуда, во исто време и тага, што не сум таму до вас, но ве сакам, во мислите сум со вас и многу ми недостасувате. Ви посакувам огромна среќа и здравје во заедничка брачна заедница која мора да толерира и компромис. Уживајте и сакајте се. Колку сте вие среќни, ние уште повеќе. Честитки мили мои, ве сакам до небо“, напиша Росана.
За потсетување, Маријана со семејството долги години живее во Австралија. Таа и Росана беа популарни на времето во 80 -тите кога настапуваа со „Признавам“, „Стој“, „Едно срце имам душо“, песни кои се евергрини.
Потоа Маријана замина во Австралија, а Росана продолжи со соло – кариерата со фолк – музика. Последен пат Маријана во Скопје беше на лето во 2019 година, а претходно дојде на свадбата на нејзината внука Ивана, ќерката на Росана и на актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче.