(Фото) Со кожена танга и мрежести хулахопки Кристина Димитри растури на првиот музички настап

Моделот Кристина Димитријевска, која пред две години почна да се занимава со музика, викендов го имаше својот прв настап во кафуле во Велес. Облечена во црно танга-боди и мрежести хулахопки, Кристина го привлече вниманието и со изгледот и со пеењето. Таа објави неколку фптографии од вечерта и рече дека се забавувала одлично. Кристина пееше со Алек и Тони, со кои ги снима своите песни, a поддршка им беше диџеј Боно.

Кристина, која со години е дел од модното студио „Црнокрак“, за „Репортер“ пред настапот откри дека е среќна што првпат ќе пее во живо пред македонската публика.

„Се радувам за мојот прв настап. ‘Кали’ во Велес е познато по најатрактивните журки во градот, а јас сум сигурна дека и ние ќе направиме одлична забава“, рече тогаш Кристина.

Scroll to Top