Со шлиц до колк и црн фустан, Зорица Заева славеше матура на синот Душко. Изминатава година таа сè почесто објавува фотографии на кои се гледа дека е ослабена, а сменет ѝ е и стилот на облекување, од времето кога Зоран Заев беше премиер.
Матурската забава на Душко беше познат ресторан во Струмица, а на прославата дојдоа многу пријатели на Заеви и луѓе од јавниот живот. Меѓу нив беше и инфлуенсерката Љупка Митрова, која важи за добра пријателка на семејството, и стилистот и долгогодишен соработник на Зорица, Драган Гоцев.