Примабалерината Сандра Мијалкова неодамна го прослави својот 45. роденден. Роденденската забава била во едно скопско кафуле, каде што Сандра заедно со сопругот Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК, и нивни блиски пријатели го прославиле роденденот. Сандра сподели и неколку фотографии на својот инстаграм-профил, и доби многу роденденски честитки.
Сандра неодамна во интервју за „Репортер“ ја раскажа љубовната приказна со својот сопруг, за кој вели дека освен што е непоправлив романтичар, тој ѝ е и најголема поддршка во кариерата.