Михаил Корубин, сопругот на македонската поп-дива Каролина Гочева ја наслика својата сопруга и токму тој портрет ја красеше сцената на синоќешниот концерт во МОБ.
Овој портрет од Каролина ја ја краси насловната слика на албумот „Извор“.
Староградски звук отпеан на магичен начин, Каролина, покажа дека има вистински албум . Таа потсети на волшебното време на чаршии и сокаци, време на чалгии и искрени романтики. Вчера беше вториот концерт од седумте закажани ка Каролина.
Фото: Стефан Рајхл