Познатата водителка и презентер на вести Билјана Дебарлиева вчера наполни 49 години. Таа го прослави својот роденден во друштво на својот сопруг Јован со кого е 27 години во брак.
Дебарлиева објави неколку сториња на Инстаграм од забавата. И двајцата се роденденски расположени, распеани и заљубени. Парот заедно има две деца, ќерката Ана и синот Мики.